Macedonia

Сити со „петарда“ се врати на врвот, нов гостински триумф на Арсенал

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 23:09

Манчестер сити на Пеп Гвардиола се врати на првото место во Премиер лигата (барем до утрешниот меч на Манчестер јунајтед), откако стигна до убедлива 0:5 победа на гостувањето кај Вест Бромвич Албион, додека Арсенал ја забележа третата гостинска победа во низа и четврта победа во пет меча, триумфирајќи со 1:3 кај Саутемптон. За „граѓаните“ ова е 18-ти меч без пораз со гол разлика од шокантни 43:4.

Иако пред мечот со ВБА, Гвардиола изјави дека има огромна почит кон менаџерот на ривалите, Сем Алардајс, во првото полувреме Сити не покажа ниту почит, ниту милост кон противникот кој се бори за опстанок. Илкај Гундоган (6. и 30.), Жоао Кансело (20.) и Ријад Марез (45.) донесоа 0:4 водство на полувреме, кое во второто само се зголеми со голот на Рахим Стерлинг (57.).  Со трите поени Сити се на врвот со 41 поен, еден повеќе од Манчестер јунајтед, но со ист број на натпревари (Сити има еден заостанат меч со Фулам).

Арсенал пак, не започна најдобро на „Сент Мерис“, кога Стјуарт Армстронг ги донесе во водство во третата минута. Никола Пепе врати во осмата минута, за Букајо Сака да ја продолжи одличната форма со нов гол во 39. минута. Александер Лаказет во 72. минута ја потврди победата со која Арсенал се искачи на осмото место со 30 поени.

Текстот Сити со „петарда“ се врати на врвот, нов гостински триумф на Арсенал е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Три денa трае потрагата по исчезнати планинари во Италија

Нова Македонија - Mar, 26/01/2021 - 23:05

Четворица планинари веќе три дена се водат како исчезнати во планинскиот венец Абруцо, недалеку од Рим.

Најверојатно биле однесени или убиени од лавина, соопшти денеска италијанската служба за спасување.

Четворицата планинари, од градот Авецано, исчезнале додека се возеле по снег и мраз на планината Велино во неделата, објави агенцијата АНСА.

Напорите за нивно спасување се запрени поради обилниот снег што денеска паднал во таа област, па дури и специјално обучените кучиња имале проблеми во портагата, се додава во веста од италијанската агенција.

Спасувачките екипи исто така се соочуваат со ризик да бидат однесени од лавина.

The post Три денa трае потрагата по исчезнати планинари во Италија appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

„Заборавениот“ Ериксен го реши бурното миланско дерби во 97. минута!

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 22:52

Кристијан Ериксен, фудбалерот кој се надеваше дека овој месеци ќе го заврши кошмарот во Интер и ќе најде нов клуб, на крајот беше херојот на „нераѕурите“ во бурната 2:1 победа над Милан во четврт-финалето на Копа Италија со прекрасен гол во 97. минута од мечот.

Претходно, „Дерби дела мадонина“ беше во знакот на Златан Ибрахимовиќ, откако Швеѓанецот прво во 31. минута да ги донесе „росонерите“ во водство, за во финишот на полувремето да влезе во остра и контроверзна расправија со Ромелу Лукаку (за која двајцата имаа среќа што завршија само со жолт картон).

Во 58. минута, Златан повторно во елемент – овојпат по фаулот над Александар Коларов, тој доби втор жолт картон и ги остави „росонерите“ со играч помалку. Во 71. минута, пенал за Интер, кој со малку среќа го реализира токму Лукаку.

Кога се сметаше дека мечот оди во продолженија, на сцена стапи Ериксен, фудбалер кој влезе во 88. минута, од слободен удар постигнувајќи го најзначајниот гол за „нераѕурите“.

CHRISTIAN ERIKSEN GOAL TO WIN THE GAME OH MYYYYYY pic.twitter.com/Ta4JOOpcZ5

— thomas (@FClMthomas) January 26, 2021

Ибра направи сè во дербито – постигна гол, ќе се тепаше со Лукаку и доби црвен картон!

Текстот „Заборавениот“ Ериксен го реши бурното миланско дерби во 97. минута! е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Нова Македонија - Mar, 26/01/2021 - 22:45

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека тој се соочил со претседателот Путин за низа прашања почнувајќи од неодамнешниот кибер-напад на американската компанија „Солар виндс“ до сомневањата за труење на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални.

– Владимир Путин му честита на Џозеф Бајден за почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за одржување на безбедноста и стабилноста во светот тоа би било од интерес и на меѓународната заедница – се вели во соопштението за разговорот што го објави Кремљ.

Прес-секретарката на Бајден, Џен Псаки, рече дека тој го почнал телефонскиот повик со намера да разговара за СТАРТ (договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување), кој администрацијата на Бајден се надева дека ќе го продолжи, руската агресија во Украина, кибер-нападот на „Солар виндс“, чиј обем сè уште се утврдува, извештаите дека Русија давала награди за елиминација на американски војници што служат во Авганистан, мешањето на Москва во претседателските избори во САД и труењето на Алексеј Навални.

– Неговата намера беше да разјасни дека Соединетите Американски Држави ќе дејствуваат цврсто во одбрана на нашите национални интереси како одговор на малигните активности на Русија – рече Псаки истакнувајќи дека повикот се случил за време на нејзиниот брифинг и дека поцелосно резиме ќе објави подоцна.

Според информациите од светските медиуми, кај двете страни има волја најбргу што може да ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на договорот за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали.

Договорот истекува на 5 февруари.

Повикот дошол на барање на Москва, соопштија американски дипломатски извори, кои додаваат дека Бајден сакал најпрвин да разговара со европските лидери и неговите советници пред да оствари телефонски разговор со Путин.

The post Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД

Нова Македонија - Mar, 26/01/2021 - 22:28

Американскиот Сенат го потврди изборот на Ентони Блинкен за нов државен секретар на САД.

Досега оваа функција ја извршуваше Мајк Помпео.

58-годишниот Блинкен веќе работел во Стејт департментот како заменик државен секретар и заменик советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и има блиски врски со Бајден.

Тој исто така служел на Советот за национална безбедност во администрацијата на Бил Клинтон, пред да стане началник на канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат, кога Бајден бил на чело на истата, а кратко време работел и како советник за безбедност во времето кога Бајден беше потпретседател на САД.

The post Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Три денa трае потрагата по исчезнати планинари во Италија

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 22:17

Четворица планинари веќе три дена се водат како исчезнати во планинскиот венец Абруцо, недалеку од Рим.

Најверојатно, биле однесени или убиени од лавина, соопшти денеска италијанската служба за спасување.

Четворицата планинари од градот Авецано исчезнале додека се возеле по снег и мраз на планината Велино во неделата, објави агенцијата АНСА.

Напорите за нивно спасување се запрени поради обилниот снег што денеска паднал во таа област, па дури и специјално обучените кучиња имале проблеми во портагата, се додава во веста од италијанската агенција.

Спасувачките екипи исто така се соочуваат со ризик да бидат однесени од лавина.

Текстот Три денa трае потрагата по исчезнати планинари во Италија е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Кривична пријава за прилепчанец што зел државен грант за фирма

Нова Македонија - Mar, 26/01/2021 - 22:05

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против извесен Д. С. (38), како и против фирма од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела – измама при добивање кредит или друга погодност.

Како што информираат од МВР, 38-годишникот во текот на 2016 година како невработено лице, со намера да стекне противправна корист, поднел апликација за активна мерка и пријава за користење грант.

По одобрување на апликацијата, основал фирма од Прилеп и склучил договор со Агенцијата за вработување и УНДП по што искористил средства за директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари на штета на државниот буџет, меѓутоа спротивно на договорот и обврските воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто-плати, а фирмата по службена должност од страна на Централниот регистар во текот на 2019 година била ликвидирана.

The post Кривична пријава за прилепчанец што зел државен грант за фирма appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Марко Шварц го освои ноќниот слаломски спектакл во Шладминг

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 22:03

Иако овојпат отсуствуваа десетината илјади бучни австриски навивачи со знамиња, факли и ѕвона за крави, радоста на Австриецот Марко Шварц за брилијантната победа на ноќниот слалом на домашен снег во Шладминг не можеше да биде поголема.

На патека на која паѓаше силен снег, Шварц, кој само пред две недели ја освои својата прва слаломска победа во Светскиот куп, од шестото место по првото возење, победи двајца Французи, Ноел Клемен и Алексис Пинтуро за триумф на една од најпрестижните скијачки трки на календарот.

25-годишниот Шварц од 21 декември наваму има пет подиуми во слалом, за да е лидер во дисциплината со 489 поени пред Норвежанецот Себастијан Фос-Солеваг со 358 и австрискиот сонародник Мануел Фелер со 324 поени. Фос-Солеваг ја заврши трката на четвртото место, додека Фелер, кој беше најбрз по првото возење не ја заврши трката.

Текстот Марко Шварц го освои ноќниот слаломски спектакл во Шладминг е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 21:59

Американскиот Сенат го потврди изборот на Ентони Блинкен за нов државен секретар на САД.

Досега оваа функција ја извршуваше Мајк Помпео.

58-годишниот Блинкен веќе работел во Стејт департментот како заменик-државен секретар и заменик-советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и има блиски врски со Бајден.

Тој исто така служел на Советот за национална безбедност во администрацијата на Бил Клинтон пред да стане началник на канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат кога Бајден бил на нејзино чело, а кратко време работел и како советник за безбедност во времето кога Бајден беше потпретседател на САД.

Текстот Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Фенер со седум победи во низа блиску до плејофот во Евролигата

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 21:53

Фенербахче продолжува да е клубот во најдобра форма во Евролигата, откако ја забележа седмата победа во низа, овојпат со 82:75 над Макаби Тел Авив во Истанбул.

Јан Весели повторно беше лидер со 18 поени, Нандо де Коло имаше 16, Дајшон Пјер 15, а Марко Гудуриќ 11, за втора победа над израелскиот ривал оваа сезона. По израмнетото прво полувреме во кое Фенер имаше само поен предност (36:35), третата четвртина турскиот клуб ја почна со 8-2 серија за на осум минути до крајот на мечот да има 67:56 водство. Макаби со две тројки на Скоти Вилбекин се врати во игра, но не успеа да направи нешто повеќе. Вилбекин заврши со 15 поени и 10 асистенции.

Фенербахче сега има 12-10 скор, со што е израмнет на осмата позиција на табелата, додека Макаби има 10-12 скор.

ЕВРОЛИГА, 22.КОЛО

Анадолу Ефес – Црвена звезда 86:72 (29:13, 27:22, 19:17, 11:20)

Химки – Баерн Минхен 93:95 (15:26, 29:18, 31:29, 18:22)

Фенербахче – Макаби Тел Авив 82:75 (17:21, 19:14, 24:18, 22:22)

 



Текстот Фенер со седум победи во низа блиску до плејофот во Евролигата е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Полицаец вршел кражби низ Берлин

Нова Македонија - Mar, 26/01/2021 - 21:40

Германската полиција во Берлин уапсила 30-годишен колега од Бамберг, кој е осомничен за неколку кражби, пренесува Б92.

Уапсениот полицаец веќе подолго време бил на боледување, соопштила полицијата.

Тој е осомничен дека, заедно со еден соучесник, кој исто така е уапсен, извршил повеќе злосторства во Баварија.

Наводно, на 14 јануари во Бамберг тој насилно украл скап мобилен телефон од една жена, што потоа преку интернет го понудил на продажба.

Истата вечер тие украле автомобил од една личност во Швајнфурт.

Следниот ден со тоа возило влетале во излогот на една златарница во Бамберг и украле накит вреден повеќе од 100.000 евра.

The post Полицаец вршел кражби низ Берлин appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 21:21

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека тој се соочил со претседателот Путин за низа прашања почнувајќи од неодамнешниот кибер-напад на американската компанија „Солар виндс“ до сомневањата за труење на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални.

„Владимир Путин му честита на Џозеф Бајден за почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за одржување на безбедноста и стабилноста во светот тоа би било од интерес и на меѓународната заедница“, се вели во соопштението за разговорот што го објави Кремљ.

Прес-секретарката на Бајден, Џен Псаки, рече дека тој го почнал телефонскиот повик со намера да разговара за СТАРТ (договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување), кој администрацијата на Бајден се надева дека ќе го продолжи, руската агресија во Украина, кибер-нападот на „Солар виндс“, чиј обем сè уште се утврдува, извештаите дека Русија давала награди за елиминација на американски војници што служат во Авганистан, мешањето на Москва во претседателските избори во САД и труењето на Алексеј Навални.

„Неговата намера беше да разјасни дека Соединетите Американски Држави ќе дејствуваат цврсто во одбрана на нашите национални интереси како одговор на малигните активности на Русија“, рече Псаки истакнувајќи дека повикот се случил за време на нејзиниот брифинг и дека поцелосно резиме ќе објави подоцна.

Според информациите од светските медиуми, кај двете страни има волја најбргу што може да ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на договорот за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали.

Договорот истекува на 5 февруари.

Повикот дошол на барање на Москва, соопштија американски дипломатски извори, кои додаваат дека Бајден сакал најпрвин да разговара со европските лидери и неговите советници пред да оствари телефонски разговор со Путин.

Текстот Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

80 милиони денари за проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро

Нова Македонија - Mar, 26/01/2021 - 21:20

На денешната седница на Владата се донесени дополнителни одлуки за одобрување средства од Буџетот за 2021 година за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро.

– Владата одобри средства во износ од 40.000.000 денари на Општина Дојран, за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Езеро и 40.000.000 денари на Општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанско Езеро – информираат од владината прес-служба.

The post 80 милиони денари за проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Изборите за претседател на Барселона ќе се одржат на 7 март

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 21:09

Претседателските избори во Барселона ќе се одржат на 7 март, потврди каталонскиот гигант кога Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреича ќе се борат да станат наследник на Жозеп Марија Бартомеу и да го преземат клубот кој се наоѓа во голема економска криза, а ниту на терените не им оди најдобро.

Изборите требаше да се одржат на 24 јануари, но каталонската регионална влада не дозволи влез и излез во општината Барселона поради коронавирусот. Членовите ќе може да гласаат по пошта и лично на шест изборни места – на „Камп ноу“ во Барселона, како и во Џирона, Тарагона, Тортоса, Леида и во Андора.

Барса е без претседател по оставката на Бартомеу во октомври по конфликтот со капитенот Лионел Меси, кој јавно го посочи него како главна причина за желбата да замине од клубот.

Се верува дека Лапорта е огромен фаворит за победа и негови главни ветувања се останување на Меси и проект за подобрување на стадионот. Фонт, кој ја има поддршката на Карлес Пујол, вети враќање на Чави како тренер на тимот, а Фреича го поддржа сегашниот тренер Роналд Куман.

Текстот Изборите за претседател на Барселона ќе се одржат на 7 март е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Многу полицајци страдаат од посттрауматски стрес поради упадот на толпата во американскиот Конгрес

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 21:06

Полицијата задолжена за обезбедување на зградата на американскиот Конгрес се извини за пропустите за време на упадот од страна на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп на 6 јануари.

Официјалните лица признаа голем број грешки: разни информации, недоволна подготовка и мобилизација на партнерските агенции. Тие повикаа на подобрени канали за комуникација и подобри системи за отчетност.

„Тука сум да ги искажам моите најискрени извинувања во име на одделот“, рече Јоланда Питман, шефица на полицијата на Конгресот, во подготвена изјава за Комисијата за надзор на јавните финансии на Претставничкиот дом.

„Одделот не ги исполни своите високи стандарди ниту, пак, вашите“, додаде таа.

Питман рече дека повеќето од полицајците што биле на должност на 6 јануари денес страдаат од посттрауматско стресно нарушување.

Во упадот на приврзаниците на Трамп, кои сакаа да ја запрат, но само на неколку часа ја одложија потврдата на победата на Џо Бајден, загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.

Шефицата на полицијата рече дека немирите се индиректно поврзани со смртта на уште еден полицаец.

Поранешните началници на конгресната полиција во меѓувреме поднесоа оставка и неколку недели по нападот и во пресрет на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари повеќе од 20.000 припадници на Националната гарда беа испратени во центарот на Вашингтон. Речиси 5.000 од нив ќе останат во главниот град на САД до средината на март.

Текстот Многу полицајци страдаат од посттрауматски стрес поради упадот на толпата во американскиот Конгрес е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Барди блесна, Леванте во четврт-финалето на Кралскиот куп

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 20:58

Леванте успеа да се пласира во четврт-финалето на Копа дел реј, откако на гости го совлада Реал Валјадолид со 2:4, а македонскиот репрезентативец Енис Барди го прослави враќањето во првиот состав на клуборт од Валенсија со прекрасен гол од слободен удар, со кој израмни на 1:1.

Тони во 13. минута ги донесе домаќините во водство, пред во 23. минута, Барди со еден трик-слободен удар успеа да го совлада противничкиот голман за израмнување. Микаел Малса во 45. минута донесе водство за гостите, кое подоцна во 59. минута го зголеми на 1:3 Коке. Вајсман во 65. минута им даде надеж на Валјадолид за пресврт, пред Моралес во 80-тата минута од пенал да ги постави конечните 2:4.

За Барди ова беше прв старт по паузата по повреда од ноември, откако на претходниот лигашки меч на Леванте влезе во игра како замена.



Текстот Барди блесна, Леванте во четврт-финалето на Кралскиот куп е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Холандски министер за нередите во земјата: Полицискиот час останува

Нова Македонија - Mar, 26/01/2021 - 20:55

Холандската влада соопшти дека нема да ја повлече својата одлука за полициски час за борба против пандемијата на ковид-19, и покрај немирите што ја потресоа земјата од неговото стапување на сила во саботата навечер.

– Не може да се капитулира пред луѓе што кршат излози – рече министерот за финансии, Вопке Хоекстра, цитиран од холандската новинска агенција АНП. Тој оцени дека за немирите не се виновни легитимните демонстранти, туку насилен џган.
Холандската полиција денеска објави дека уапсила најмалку 184 лица за учество во насилните немири кои траат трета ноќ по ред и се најлоши во последните четириесет години.

Најмалку десет полицајци се повредени во последните судири со бунтовниците кои ограбиле продавници и запалиле автомобили во неколку градови низ земјата меѓу кои и Ротердам, Амстердам и Хаг.

Министерот за правда Ферд Граперхаус исто така за АНП изјавил дека владата нема да се откаже од мерката, велејќи дека е неопходен полициски час за борба против новиот вид на коронавирус.

Немирите започнаа веднаш по воведувањето на полициски час, прва ваква мерка во земјата по Втората светска војна.

Повеќето жители на Холандија го почитуваат полицискиот час за време на кој граѓаните не смеат да ги напуштат домовите од 21 до 4.30 часот, пишува агенцијата „Франс прес“.

Премиерот Марк Руте во понеделникот го осуди криминалното насилство, велејќи дека тоа е неприфатливо и дека 99 проценти од Холанѓаните ги поддржуваат ограничувањата.

The post Холандски министер за нередите во земјата: Полицискиот час останува appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Вест хем на четвртото место во Англија!

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 20:55

Вест хем со 3:2 славеше на гости кај Кристал палас за да се искачи неочекувано на четвртото место на табелата во Премиер лигата, додека Лидс јунајтед исто така оствари гостинска победа од 1:2 на „Сент Џејмс Парк“ против Њукасл.

На „Селхарст парк“ имаше фуриозно отварање на натпреварот – Кристал палас дојде во водство веќе во третата минута преку Вилфрид Заха, за шест минути подоцна Томаш Соучек да израмни на 1:1. Чехот ги донесе „чеканите“ во водство во 25. минута, пред Крег Досон да го осигура триумфот во 65. минута.

Ова е трета победа во низа за тимот на Дејвид Мојс, со која се искачува на четвртото место на табелата со 35 поени, само пет зад лидерот Манчестер јунајтед и еден пред Ливерпул, иако двата големи клуба имаат натпревар помалку.

Лидс, пак, во Њукасл поведе преку Рафиња во 17. минута, но Алмирон израмни во 57. минута, за четири минути подоцна Џек Херисон да ја обезбеди првата победа за Лидс по три натпревари.

Текстот Вест хем на четвртото место во Англија! е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Русија следниот месец ќе започне со производство на втората вакцина против ковид-19

Нова Македонија - Mar, 26/01/2021 - 20:35

Русија во февруари ќе започне со масовно производство на својата втора вакцина против ковид-19, најави денеска премиерот Михаил Мишустин откако минатата недела земјата започна масовна кампања за вакцинација.

– Следниот месец, ќе започнеме со масовно производство на вакцината ЕпиВаКорона – рече Мишустин на состанок пренесуван на телевизија, додавајќи дека руската влада издвоила околу 21,8 милиони евра за оваа намена.

По „Спутник В“ ова ќе биде втора руска вакцина против ковид-19, респираторна болест од која досега починаа повеќе од 2 милиона луѓе ширум светот.

Новата вакцина беше регистрирана во Русија во октомври, а е изработена од лабораторијата „Вектор“ во Новосибирск. Во советско време, оваа лабораторија тајно истражувала биолошко оружје и чувала примероци од разни вируси, од вариола до ебола.

Владимир Путин во понеделникот изјави дека епидемиолошката состојба во земјата се движи кон стабилизација, бидејќи Русија за прв пат од почетокот на ноември пријавила помалку од 20.000 нови инфекции на ден.

Официјалните податоци кои се ажурираат секојдневно покажуваат дека од почетокот на пандемијата во Русија 3.756.931 лице биле заразени со коронавирус, од кои 70.482 починале.

The post Русија следниот месец ќе започне со производство на втората вакцина против ковид-19 appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Манчестер јунајтед веќе не е во топ-3, Барса, и покрај долговите, е крал на кешот

МАКФАКС - Mar, 26/01/2021 - 20:25

Манчестер јунајтед испадна од топ-3 листата на најбогати фудбалски клубови на „Делоит“ по осум години, а листата, иако покажува луди суми, исто така покажува дека европските најголеми клубови загубиле речиси 2 милијарди евра од пандемијата на коронавирусот, а Барселона со долгови од над милијарда евра останува на врвот.

Барселона за сезоната 2019/2020 генерирала 627,1 милијарди фунти, Реал Мадрид е втор со 627 милиони фунти, а европскиот шампион Баерн Минхен со 556,1 милиони фунти го собори Манчестер јунајтед на четвртото место со 509 милиони фунти. Во топ-10 се и Ливерпул (489,9), Манчестер сити (481,6), ПСЖ (474,1), Челси (411,9), Тотенхем (390,9) и Јувентус (349), но бројките исто така покажуваат дека топ-20 клуба загубиле околу 975 милиони фунти во споредба со 2018/2019.

Текстот Манчестер јунајтед веќе не е во топ-3, Барса, и покрај долговите, е крал на кешот е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia